Лазаров блесна – „деветка“ во мрежата на Трембле

Кире Лазаров го одигра својот најдобар натпревар сезонава откако македонскиот капитен блесна во дресот на Нант на дуелот со Трембле, што неговиот тим го доби со убедливи 39-20.

Нашиот „бомбардер“ беше во елемент од самиот почеток, уште во првото полувреме постигна шест погодоци, а потоа во ист ритам продолжи и во вториот дел. На крајот зад името на Лазаров останаа запишани девет гола со само две промашувања, како најзаслужен за убедливиот триумф на Нант.

Екипата на македонскиот ас по пет одиграни кола има скор од четири победи и еден пораз, оној на гостувањето против шампионот ПСЖ.

Се вчитува...