Лазаров: Добивме неатрактивен, а многу квалитетен противник

Ракометната репрезентација на Фарски Острови стои на патот на Македонија во баражот за СП 2025 година. Станува збор за незгодна селекција, која годинава дебитираше на големи натпреварувања, и направи проблеми на ривалите.

Селекторот Кирил Лазаров вели дека Македонија добила неатрактивен, но многу квалитетен противник, и вели дека има подеднакви шанси за пласман на СП.

„Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025″, рече Лазаров.

Се вчитува...