Лазаров го одведе Нант во групите од ЕХФ-Купот

Кире Лазаров и Нант по голема битка успеаја да се пласираат во групната фаза од ЕХФ-Купот, откако на вечерашниот реванш во Норвешка ремизираа со Арендал со 30-30. Сепак, благодарение на минималниот триумф од 30-29 од првиот меч, поранешниот европски вицепрвак успеа да се пласира во следната рунда од натпреварувањето.

Нант водеше во голем дел од натпреварот, домаќините во самиот финиш успеаја да се вратат и да стигнат до реми, но немаа време за целосен пресврт, па Лазаров и соиграчите се радуваа на конечен успех во овој двомеч.

Македонскиот интернационалец беше во главна улога со шест погодоци, додека Ривера и Турнат постигнаа по четири гола за Нант.

Се вчитува...