Лазаров го разбуди Нант за победа во Данска

Нант по голема битка успеа да стигне до триумф на гостувањето во Данска против Скјерн со 32-34, и тоа благодарение на новиот одличен настап на Кире Лазаров во Лигата на шампионите.

Европскиот вицепрвак слабо го почна натпреварот и по неколку минути игра губеше со 4-0, по што тренерот Анти беше принуден да побара тајмаут во раната фаза од мечот. Со влегувањето на Лазаров играта на Нант во нападот профункционира, до полувремето негативата беше преполовена (17-15), за францускиот тим во вториот дел да направи целосен резултатски пресврт и да стигне до значаен триумф.

Лазаров постигна шест погодоци со само едно промашување и беше најдобар стрелец во својот тим, во чии редови Нијокос реализираше пет гола.

Се вчитува...