Лазаров го скрати списокот на ракометари за баражот со Фарски Острови

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на 20 повикани ракометари за претстојните бараж натпревари против репрезентацијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство кое во 2025 година во период од 14. јануари до 2. февруари ќе се оддржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

На списокот на повикани ракометари се најдоа: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Цветан Кузмановски, Петар Атанасијевиќ, Никола Костески, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Марко Митев, Дамјан Митев, Иван Џонов, Филип Талески, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Никола Марковски и Михаил Аларов.

Како резерви се запишани: Иван Галесвски, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски, Павле Атанасијевиќ, Мартин Карапалевски, Давид Севревски и Михајло Младеновиќ.

Машката сениорска селекција првиот натпревар од баражот ќе го оддигра на гостински терен на 08.05.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот , а ревашот е закажан за 12.05.2024 (недела) во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 19:00 часот.

Се вчитува...