Лазаров: Ја посакувавме победата повеќе од се, штета што од премногу респект не извлековме подобар резултат со Франција и Германија

ЕКИПА во Берлин,

Стеван Цаневски

Селекторот Кирил Лазаров по мечот изјави дека неговите момци премногу ја посакувале победата денеска и тоа било клучно …

„Честитки на момците за одличната борба. Одигравме квалитетен меч со многу желба за победа. Ја посакувавме победата повеќе од Швајцарија. Ги мнамаливме грешките и тоа беше клуч на овој меч. Жал ми е што од преголемиот респект кон Германија и Франција не извлековме подобар резултат. Благодарам на сите за поддршката и тоа што еуфорично ги доживуваме победите, а трагично поразите“, изјави Лазаров.

Се вчитува...