Лазаров: Јас сум отворен и транспарентен, подготвен сум за дискусија и со некои експерти-анонимуси

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров во гостување на Македонската радио телевизија ги сумираше првите впечатоци од настапот на Европското првенство во Германија.

Македонија шампионатот го заврши на 17. место со една победа против репрезентацијата на Швајцарија и пораз од фаворитите Франција и Германија. Селекторот вели дека мора да се продолжи со создавање на играчи, а дека тој е транспарентен и отворен и дека е подготвен да дебатира со било кого.

„Нашата главна цел е да создаваме играчи. Не треба да го гледаме пласманот. Можевме на крајот да бидеме и 13., а не 17, но тоа немаше ништо да промени. Нашата главна цел е да не дозволиме да се случи таа дупка која што ја имавме долго време во минатото и да го продолжиме континуитетот на настап на првенства. Јас сум отворен и транспарентен човек и подготвен сум за дискусија со било кого, па дури и со дел од некои експерти кои што јас би ги нарекол анонимуси“, изјави Лазаров во гостувањето на МТВ. 

Се вчитува...