Лазаров прецизен, Нант убедлив против Трембле

Нант во чиј состав е македонскиот капитен Кире Лазаров, одново се враќа во победничка серија и во француската лига. Во натпреварот од 10.коло, Нант на гостински трен славеше убедлива победа против Трембле со 33-45.

Почетното водство на гостинскиот тим од 1-4 беше само најава за супериорноста на Нант во овој дуел. Избраниците на тренерот Тиери Анти имаа целосна контрола на играта и на резултатот и во текот на целиот натпревар беа во водство. На полувремето Нант имаше седум гола преднсот (16-23), а во вториот дел само рутински ја потврди победата со дури 45 погодоци и убедливи 12 гола разлика.

Кире Лазаров постигна шест гола од девет обиди, сите во второто полувреме, а најефикасен во триумфот на Нант беше Давид Балагер со 10 погодоци.

По 10.коло во францускиот шампионат, Нант шест победи и е на 5.место на табелата со 12 бода.

Се вчитува...