Лазаров: Публиката не носеше до победата!

ЕКИПА на ЕП во Загреб,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски 

Македонија оствари голем триумф, ја совлада третата селекција во светот, Словенија (25-24) и на фантастичен начин го отвори настапот на Европското првенство во Хрватска. Сега следи Црна Гора, но ќе биде мнпогу полесно, затоа што Македонија е во налет уште од самиот старт.

Капитенот Кире Лазаров, како и секогаш, на висина на задачата, погодуваше, асистираше, ја „палеше“ и публиката во еден дел од мечот, кога беше ’најгусто’.

„Сакам да им се заблагодарам на македонските фанови. Тие не носеа до победа. Ја почувствувавме нивната поддршка од првото влегување во салата, беа фантастични, одвоија средства, дојдоа тука да не бодрат и тоа мораме сите да го поздравиме. Инаку, ова е голем триумф, Словенија е третопласирана селекција во светот. беше тешко, напорно, но игравме мудро, цврсто, храбро, ги исполнивме задачите. Се чувствувам како да одигравме два меча. Еднаш ни побегна можеби победата, имавме предност на стартот од вториот дел, па ја загубивме, и потоа повторно успеавме да стигнеме до навистина голем триумф. Сега да се одмориме, и потоа мислиме на Црна Гора“, изјави капитенот Кире Лазаров.

Се вчитува...