Лазаров се чувствува подобро, денеска почнува со тренинзи

Кире Лазаров вечерва ќе се приклучи на тренинзите на македонската репрезентација, откако неговата состојба по повредата на стомачните мускули се стабилизираше во изминатиот период. Прегледите врз капитенот покажаа дека повредата не е премногу сериозна, па тој од денеска ќе му се стави на располагање на селекторот Раул Гонзалес на тренинзите на националниот тим во следниот период.

„Како што е познато Лазаров поради повреда на стомачните мускули ги пропушти последните неколку средби на својот тим. За среќа неговата состојба во последниот период се подобри, па тој ќе почне со тренинзи од вечерва. Ќе работи со намален интензитет за да не ризикуваме да дојде до нова повреда, но неговото присуство е значајно за атмосферата во тимот, како и за колективно прифаќање на новите тактички замисли на селекторот“ – изјави директорот на репрезентацијата, Милчо Чакаревски.

Во тренажниот процес ќе биде вклучен и Филип Кузмановски, како и Филип Талески, кој се мачи со повреда заработена при настапите за Некар Левен.

Се вчитува...