Лазаров се врати и загуби од Обрван

Кире Лазаров по паузата поради повредата, се врати во составот на Нант, но, не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот во дуелот со Шамбери (28-32)  ) предводен од поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван.

На Шамбери ова му е прва победа по лошата стартна серија со шест порази по ред во францускиот шампионат. За Нант пак ова е разочарувачки пораз на домашен терен и најава дека тимот на Лазаров по победничкиот старт влегува во кризен период дополнително оптоварен со бројни повреди во составот.

Лазаров го заврши натпреварот со еден погодок од седмерец, а најефикасен во лошото издание на Нант беше Давид Балагер со осум гола. Нападот на Шамбери во првиот триумф сезонава го предводеше Тунижанецот Амин Банур со максимални шест од шест, а со шест погодоци заврши и Кеидо Траоре. Но, голем дел од заслугата за триумфот оди кај младиот голман на Шамбери, Жилиен Мејер кој запиша 12 одбрани.

Се вчитува...