Лазаров со Нант славеше победа против ПИК Сегед

Двата порази во францускиот шампионат не го нарушија победничкиот ритам на Нант во настапите од Лигата на шампионите. Тимот на Кире Лазаров на гостувањето во Унгарија го победи ПИК Сегед со 30-33, во натпреварот од 7.коло во Групата А.

ДСо исклучок на првите неколку минути, Нант беше во водство во поголемиот дел од натпреварот. На полувремето францускиот тим имаше предност од 15-17, a потоа ја задржа доминацијата и во второто полувреме и ја прокнижи четвртата победа во групната фаза од ЛШ.

Лазаров постигна три гола, а најефикасен во составот на Нант беше Унгарецот Рудолф Фалувеги со седум погодоци. Кај ПИК Сегед, прв стрелец беше Золт Балог со шест гола.

Во следното коло во ЛШ, на 19 ноември го пречекува ППД Загреб.

Се вчитува...