Лазаров со три нови имиња за пријателскиот двомеч со Романија!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот од 21 ракометар за претстојниот пријателски двомеч против Романија овој месец.

На списокот има двајца интернационалци и три нови имиња кои треба да дебтираат за националниот тим.

Ново име е и Николас Најденовски, 17-годишен ракиометар на шведскиот тим Луги и кој во неколку наврати беше на поширокиот список на националниот тим, но досега не доби шанса да биде дел од подготовките. Останатите двајца дебитанти се Валентин Карасманакис и голманот Иван Галевски.

Првиот собир на репрезентацјата е закажан за 11. март (16 часот), а дуелите против Романија се закажани на 15. и 16.март во градот Браила.

Се вчитува...