Лазаров: Задоволен од желбата и од односот, само во мај да бидеме комплетни…

Македонската ракометна репрезентација претрпе два порази во Романија на гостувањето против оваа селекција, но „црвено-жолтите“ настапија значително ослабени оваа ЕХФ-седмица, без неколку стандардни првотимци што се одрази врз играта и врз резултатот.

Селекторот Кире Лазаров смета дека оние кои добиле шанса ја оправдале довербата, кормиларот на националниот тим е задоволен од ангажманот и односот кон репрезентативниот дрес, но и изрази надеж дека на следниот собир – оној закажан за мај за баражот за СП 2025 против Фарските Острови нашата селекција ќе биде комплетна.

Се вчитува...