Милан триумфираше со 2-0 против Лече на домашен терен во 31. коло од Серија А со што остана во трката за една од четирите позиции на табелата кои водат до Лигата на шампионите следната сезона.
Рафаел Леао е херојот на „миланезите“ постигнувајќи ги двата погодоци за три бода.
Најпрво погоди во 40. минута за водство од 1-0…
Rafael Leao’s header gives AC Milan the lead vs Lecce.#MilanLecce pic.twitter.com/eqIPWzwFA1
— $ (@samirsynthesis) April 23, 2023
А, потоа Леао постигна убав погодок во 75. минута и за конечни 2-0.
Milan 2-0 Lecce | GOAL! Leaopic.twitter.com/h3ysxu3NdK
— Fast Gøals (@FASTHQ24) April 23, 2023
Сега Милан со 56 бода се израмни со Рома на делба на четвртото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА