Леброн бира меѓу четири тима, лејкерси најблиску до потпис

Најголемата ѕвезда во НБА лигата, Леброн Џејмс, на крајот на сезоната ќе биде слободен играч. Многу веројатно е дека 33-годишниот кошаркар ги игра последните месеци во дресот на Кливленд, а летово ќе донесе одлука каде ќе биде неговата следна дестинација што предизвикува голем интерес во САД.

Според американските медиуми, во потесниот избор на Леброн се четиир тима. Покрај опцијата да продолжи во Кливленд, на листатата тимови со кои ќе преговара се ЛА лејкерс, Хјустон и Филаделфија.

Од овој список засега главни фаворити за неговиот потпис се лејкерси. Во САД се води голема кампања за Леброн Џејмс да дојде во Лос Анџелес и тоа е најреална опција.

Леброн Џејмс и претходно еднаш го напушти Кливленд. Во 2010 година се пресели во Мајами и со „жешките“ освои две шампионски титули. „Кралот“ и сезонава царува на теренот со просек од 27 поени, девет асистенции и осум скока по натпревар.

Се вчитува...