Кошаркарите на Кливленд кавалирс остварија значајна победа над Њу Орлеанс (107-102), а Леброн Џејмс со 27 поени, 11 асистенции и девет скока беше главна фигура во својот тим. „Кралот Џејмс“ успеа да го надмине легендарниот Мајкл Џордан и стана единствениот кошаркар кој на 867 меча во низа има постигнато двоцифрен број поени. Кај Њу Орлеанс, најефикасен беше Холидеј со 25 поени.
Српскиот интернационалец Никола Јокиќ постигна 23 поени и имаше 16 скока во дресот на Денвер, кој по продолженија славеше против Оклахома сити тандер (125-126). Кај Денвер најефикасен беше Милсап со 36 поени, додека во редовите на Оклахома главни поентери беа Вестбрук со 33 поени и 13 асистенции и Ентони со 23 поени.
Резултати: Орландо – Чикаго 82-90, Атланта – Филаделфија 91-101, Кливленд – Њу Орлеанс 107-102, Хјустон – Феникс 104-103, Оклахома сити – Денвер 125-126 (по прод.), Јута – Мемфис 107-97, ЛА лејкерс – Милвоки 122-124 (по прод.), Портланд – ЛА клиперс 105-96.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА