Леброн Џејмс го спаси Кливленд

Кошаркарите на Кливленд конечно ја прекинаа серијата порази, откако на продолжение славеа против Минесота на домашен терен со 140-138. Најголема заслуга на важниот триумф на „кавси“ оди кај Леброн Џејмс. Ѕвездата на Кливленд на 40 секунди пред крај на регуларниот дел од натпреварот погоди тројка за конечните 129-129 и избори продолжение.

Ни во продолжението ниедна од екипите не успеа да се одлепи со поголема предност и на една секунда пред крај резултатот бепе 138-138. Тогаш работите повторно во свои раце ги зеде Леброн Џејмс и со звукот на сирената погоди за победа на својот тим.

„Кралот“ Џејмс го заврши натпреварот со неверојатни 37 поени, 15 асистенции и 10 скока. Покрај него во тимот на Кливленд забележителен настап имаше и Смкит со 20 поени. Кај гостинскиот тим Батлер постигна 35 поени, а Таунс додаде 30 поени и десет скока.

Во другите ноќешни натпревари во НБА лигата, Хјустон славеше против Мајами со 109-101, а ѕвезда на вечерта бепе Џејмс Харден со 41 поен. Победа запиша и тимот на Сан Антонио против Феникс со 129-81, а најзаслужен беше Ламаркус Олдриџ со 23 поени и 13 скока. Детроит го победи Бруклин со 115-106, а Јута беше поуспешна од Мемфис со 92-88.

Се вчитува...