Леброн Џејмс и по третпат во својата кариера го доби признанието МВП на НБА „Ол-стар“ мечот, откако синоќа неговиот тим славеше против оној на Стеф Кари со 148-145 во „Стејплс центарот“ во Лос Анѓелес.
Леброн по третпат се закити со МВП титулата на „Ол-стар“ претходно добивајќи ги и во 2006 и во 2008 година. „Кралот“ досега беше прогласуван и за МВП на НБА финалната серија во 2012, 2013 и во 2016 година, а ги има и МВП признанијата воопшто на НБА лигата од 2009, 2010, 2012 и 2013 година.
Синоќа Леброн Џејмс мечот го заврши со 29 поени, 10 скока и 8 асистенции, најдобар во својот тим на патот до триумфот против ѕвездите кои ги предводеше Стеф Кари.
LeBron James. MVP. pic.twitter.com/ubyZRhZWxW
— Eastbay (@Eastbay) February 19, 2018
„Убава вечер за сите нас и за кошарката. Ова признание е само момент од еден одигран натпревар во кој, во секој случај, пред се бевме фокусирани да пружиме атрактивна кошарка за гледачите. Ви благодарам на сите“ – истакна Леброн по добивањето на МВП признанието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА