Ниту Леброн Џејмс не успеа да помогне Кливленд да избегне „дебакл“ во финалната серија од НБА лигата против Голден стејт кој стигна до третиот трофеј во последните четири години.
„Кралот“ сега според најавите заминува од Кливленд…, наводно со интерес за неговите услуги на Бостон и Хјустон, па дури и Голден стејт. А, ако бидне така тогаш на последните три меча во дресот на Кливленд ќе мора да се сеќава дека ги играл со скршена рака!?
Изненадувачки, по синоќешниот четврти меч, Леброн соопшти дека играл со скршена рака…
„Јас сум човек кој допушта да го водат емоциите, па така беше и во ова финале. Сега може да ви кажам дека последните три натпревари од ова финале ги играв со скршена рака“ – изјави Леброн синоќа.
„Кралот“ двапати во текот на финалната серија бил и на магнетна резонанца, меѓу тренинзите и официјалните натпревари носел гипс, но не дозволувал сето тоа да биде забележано од медиумите или противничкиот тим, во страв дека Голден стејт ќе ја користи таа предност. На крајот испадна сосема неважно. И потполно здрав Леброн Џејмс тешко дека во овој однос на силите ќе можеше да се спротистави на „воините“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА