Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс ја одби понудата и во следната сезона да остане во клубот за плата од 36,6 милиони долари. Ова уште не значи дека тој заминува од екипата. Џејмс сега нема да го продолжува договорот со Кливленд додека не ги разгледа понудите од другите клубови, а вообичаено во праксата ваквата ситуација значела дека играчот решил да си оди.
Во последниот период, тимовите кои најчесто беа спомнувани како можни следни дестинации на трикратниот освојувач на НБА титулата се Филаделфија, Хјустон и Лос Анџелес Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА