Леброн Џејмс: Многу луѓе сакаа да не успеам во НБА

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс говореше за кој совет би си го дал себе си на 18-годишна возраст.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс не би се советувал премногу бидејќи како што вели бил израснат на „вистински“ начин, но откри и интересен детал кој можеби и го мотивирал уште повеќе.

„Не би му кажал ништо искрено, бидејќи 18-годишниот Леброн имаше „здрава глава“. Бев на позиција на која што не би сакал да видам друг 18-годишник…

Осумнаесетгодишниот Леброн беше израснат на прав начин од неговата мајка. Беше израснат на прав начин и од тренерите во мини-баскет. Запозна млада дама во средно училиште која му беше потпора на патот кон успехот.

Знаев дека ако сакам да направам нешто од себе, да направам нешто за моето презиме, за мојата фамилија, моите пријатели морам да се посветам и да вложам многу труд“, изјави Леброн кој откри и дека многумина не сакале да го видат да успее.

„Освен мојата фамилија и моите пријатели, да бидам искрен, многу луѓе сакаа да ме видат да не успеам кога влегов во лигата“.

Денеска Леброн Џејмс зад своето име има четири шампионски прстени, е кошаркарот со најголем број на постигнати поени во НБА неодамна преминувајќи ја и границата од 40 илјади поени.

Се вчитува...