Леброн добива силен соиграч во рекетот

Деандре Џордан кој е еден од најдоминантните центри во НМА лигата би можел да заигра во тандем со Леброн Џејмс во тимот на Кливленд. Како што најавуваат американските медиуми, ЛА клиперс и Кливленд водат преговори за трансферот, а во приказната може да се вклучи и трет клуб за да се заврши работата.

Џордан ја игра десеттата сезона во НБА и е еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Сезонава тој има просек од 11,5 поени и 14,9 скока по натпревар.

Клиперси пред неколку дена се откажаа и од својата најголема ѕвезда – Блејк Грифин кој кариерата ќе ја продолжи во Детроит.

Се вчитува...