Леброн Џејмс е подготвен за камбек во НБА-лигата откако големиот ас доби зелено светло од лекарскиот тим на „езерџиите“ за да се врати во тимот по повредата што подолг период го оддалечи од терените.
Леброн е „во аут“ од стартот на сезонава, а во последните две седмици треираше во Г-лигата, се со цел што поскоро да ја мине таа фаза од рехабилитациската програма.
Последните информации говорат дека Леброн во последните денови без проблеми тренирал „пет на пет“, по што лекарите дале зелено светло тој да ја напушти екипата во Г-лигата и да се врати назад во ЛА Лејкерс.
Се очекува Леброн од утре да им се приклучи на Дончиќ и соиграчите, и веќе во текот на следната седмица да го има своето деби во новата сезона. На тимот на ЛА лејкерс одлично му оди и во отсуство на големиот ас ако се знае дека овој тим има скор 10-4 од стартот на сезонава и моментно се наоѓа на четвртото место во Западната конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

