Леброн ги зеде работите во свои раце против Мемфис

Кливленд ја забележа својата единаесетта победа во низа со триумфот на домашен терен над Мемфис од 116-111, а најзаслужен за новата радост беше Леброн Џејмс. „Кралот Џејмс“ ја презеде одговорноста во свои раце во последните неколку минути, самиот ги постигна последните тринаесет поени на Кливленд и не дозволи изненадување на „гризлите“ од Мемфис, за кои ова беше единаесетти порази во низа. Леброн го заврши натпреварот со 34 поени, 12 асистенции и пет скокови, Кевин Лав постигна 20, а Смит 17 поени за актуелниот вицешампион.

Бостон стана првиот тим што стигнал до 20 победи сезонава откако селтикси го скршија отпорот на Феникс триумфирајќи со 116-111. Кајри Ирвинг повторно беше предводник на селтикси со 19 поени, вклучувајќи ги тука и петте од последните две минути, кога беше осигурана победата. Браун и Морис постигнаа по 17 поени за Бостон, додека Хорфорд покрај 14-те поени имаше и рекордни за него 11 асистенции.

Резултати НБА:

Бостон – Феникс 116-111, Далас – ЛА клиперс 108-82, Бруклин – Атланта 102-114, Кливленд – Мемфис 116-111, Филаделфија – Детроит 108-103, Милвоки – Сакраменто 109-104, Денвер – ЛА лејкерс 115-100, Портланд – Њу Орлеанс 116-123.

Се вчитува...