Леброн и официјално промовиран во Лејкерси

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс и официјално е нов член на ЛА Лејкерс, соопштено е на официјалната страница на НБА лигата.

„Кралот“ потпиша четиригодишен договор со „езерџиите“ вреден 154 милиони долари. Неговото доаѓање во Лос Анѓелес беше најавено пред десеттина дена за да сега добие само официјална потврда.

Џејмс зад себе има сезона со ефект од 27,5 поени, 8,6 скока и 9,1 асистенции по натпревар, додека во плеј-офот беше и уште подобар со 34 поени, 9 асистенции и 9,1 скока по натпревар.

Се вчитува...