Кливленд кавалирс е последниот патник во полуфиналето од Источната конференција откако во денешната мајсторка успеа да слави над Индијана со резултат 105-101.
Сосема очекувано, во главна улога беше Леброн Џејмс, кој по убедливиот пораз на последниот меч во Индијанаполис овојпат ги презеде работите во свои раце и не дозволи никакво изненадување. Кливленд одигра фуриозно во првата четвртина добивајќи ја со 31-19, гостите се вратија со подобра игра во третиот период (22-31), но сепак клучните моменти минаа во знакот на Леброн и неговите соиграчи, за конечна победа и пласман во следната фаза од плејофот.
Леброн беше фантастичен, реализирајќи 45 поени, девет скока и седум асистенции, Томпсон постигна 15, а Лав 14 поени за победничкиот тим, додека прв стрелец на Индијана беше Оладипо со 30 поени.
Следен противник на Кливленд ќе биде тимот на Торонто репторс, кој ја доби својата плејоф серија против Вашингтон со 4-2 во победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА