Индијана стигна до победа од 92-90 поведувајќи со 2-1 во серијата против Кливленд во четвртфиналното разигрувањето на Истокот.
На мечот во Индијанополис, Кливленд сакаше да го врати „брејкот“ на гостински терен, стартуваше одлично но Леброн Џејмс не можеше се сам. Гостите на полувремето имаа предност и од +17 (40-57), но тоа беше се од нив на синоќешниот натпревар.
Индијана предводена од одличниот Бојан Богдановиќ успеа да реализира голем пресврт за значаен триумф во битката за полуфинале. Богдановиќ постигна 30 поени со одличен процент на шут (73,3% од игра). Виктор Оладипо дополни со 18 поени, шест скока и седум асистенции.
Кај Кливленд се истакна Леброн Џејмс со 28 поени, 12 скока и 8 асистенции, додека Кевин Лав дополни со 19 поени.
Вашингтон во првиот меч на свој терен успеа да намали во серијата против Торонто на 2-1, откако синоќа славеше со 122-103. Визардс до победата ги водеа Бил и Вол со по 28 постигнати поени.
На 2-1 синоќа во серијата намали и Милвоки со победата над Бостон од 116-92. До триумфот ги водеше Мидлтон со 23 поени, а Антетокуомпо запиша 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА