Леброн не се предава, ќе се игра „мајсторка“ на „Истокот“

Патникот во големото финале од Источната конференција ќе биде одреден со „мајсторка“, откако Кливленд рано утринава славеше над Бостон со 109-99, израмнувајќи ја оваа финална серија на „истокот“ на 3-3 во победи. Повторно во главна улога беше Леброн Џејмс, „кралот“ не сакаше ни да помисли на капитулација на домашен терен, со 46 поени, 11 скокови и 9 асистенции предводејќи го својот тим до големата победа.

Кливленд клучната предност ја направи во втората четвртина, што кавалирси ја добија со 34-18. Бостон опасно се приближи во последниот период, но тогаш Леброн постигна две тројки и стави крај на сите дилеми околу победникот.

Џорџ Хил со 20 поени му беше прв асистент на Леброн на патот до победата, во ситуација кога Кевин Лав не беше на посакуваното ниво и постигна само пет поени. Кај Бостон најефикасни беа Розиер со 28 и Тејлор со 27 поени.

Се вчитува...