Леброн со 37 поени го водеше Кливленд до триумф над Оклахома

Кливленд пред само неколку денови за само неколку часа ја промени половина од екипата. А, дека тоа дава резултат доказ е и синоќешната победа на гости против Оклахома од 112-120 со што ја продолжија низата победи.

Во главно израмнет меч, Кливленд до триумфот стигна со подобра игра во финишот предводен од кој друг ако не „кралот“ Леброн Џејмс со 37 поени, 8 скока и 8 асистенции.

На спротивната страна, Пол Џорџ постигна 25 поени, Мело – 24 поени а Расел Вестбрук заврши со 21 поен.

Кошаркарите на Торонто славеа против Мајами на домашен терен со 115-112, пред се благодарение на одличната трета четвртина.

Домашните до победата ги водеше ДеМар ДеРозан со 27 поени, а Кајл Ловри имаше 22 поени и 8 асистенции. Кај Мајами повторно одличен беше Словенецот Горан Драгиќ со 28 поени, а покрај него најефикасен беше Џејмс Џонсон со 16 поени.

Од останатите мечеви синоќа Милвоки славеше против Атланта со 97-92, Хјустон победи со Минесота со 108-126 со 34 поени и 13 асистенции на Џејмс Харден. На спротивната страна Карл-Ентони Таунс заврши со 35 поени и 12 скока.

Се вчитува...