Леброн стигна еден од најневеројатните рекорди на Мајкл Џордан

Кливленд славеше на гостувањето против Шарлот со 105-118, меч што ќе остане запаметен по Леброн Џејмс, кој токму во Шарлот го стигна еден од најневеројатните рекорди што во кариерата ги постави неповторливиот Мајкл Џордан. „Кралот“ Џејмс го заврши мечот со 41 поен, што за него беше неверојатен 866. натпревар што го завршува со двоцифрен број на поени. Тоа досега во кариерата му имаше успеано единствено на Џордан, уште еден доказ за големината на Леброн и она што тој го остава како наследство за НБА-лигата.

Бостон во драматичен натпревар славеше на гостувањето против Јута со 94-97, со тројката што ја постигна Браун на 0,3 секунди до крајот.

Филаделфија го доби дуелот со Њујорк со убедливи 118-101, што е осма победа во низа за кошаркарите на Филаделфија, нивна најдолга триумфална серија во последните петнаесет години. Дарио Шариќ беше во главна улога со 26 поени и 14 скокови, уште еднаш покажувајќи зошто важи за еден од главните адути на Филаделфија сезонава.

Резултати НБА: 

Шарлот – Кливленд 105-118, Орландо – Бруклин 104-111, Филаделфија – Њујорк 118-101, Мемфис – Портланд 108-103, Минесота – Атланта 126-114, Јута – Бостон 94-97, Феникс – ЛА клиперс 99-111, ЛА лејкерс – Далас 103-93.

Се вчитува...