Леброн: Треба да ги укинат ТВ преносите од сите наши натпревари до крајот на сезоната!

Леброн Џејмс не го крие сопственото разочарување по агонијата во која западнаа Кливленд со серијата порази во НБА лигата. Последна во низата секако оној срамен пораз од Хјустон од 120-88…

„Немам зборови навистина. Кога не пренесувам националната телевизија ние имаме скор од 0-8. Не знам што се случува со нас сезонава. Може треба да ги укинат сите наши преноси во живо на националната телевизија“ – вели Леброн, на шега или не, по серијата порази на тимот.

По поразот од Хјустон, Кливленд има вкупен скор од 30 победи и 21 пораз, и на Истокот се наоѓа на третата позиција, додека Вашингтон на четвртото место сега има само „пола натпревар“ послаб скор од минатогодишниот учесник во финалето на НБА.

Се вчитува...