Леброн за своето тело троши 1,5 милиони долари годишно

Најдобриот кошаркар на денешницата, 33-годишниот Леброн Џејмси сезонава доминира во НБА лигата. Основа на извонредните резултати е неговата максимална посветеност на одржувањето на своето тело во врвна форма за што троши прилично висока сума.

Деловниот партнер на Леброн Џејмс, Маверик Картер откри дека кошаркарот на своето тело, односно на диети, тренинзи, терапии и се останато, троши неверојантни 1,5 милиони долари годишно.

Покрај личен тренер, Леброн применува стриктна диета и рутина до која се држи константно. Исто така користи криотерапија и хипербарична комора.

Но, сиот тој скап режим е исплатлива инвестиција ако се погледнат бројки на терен. „Кралот“ диминира во НБА лигата и бележи просек од 31.5 поени, 9.7 асистенции и 9.8 скока по натпревар, а Кливленд е во серија од пет победи по ред и моментно е на третото место во Источната Конференција.

Се вчитува...