Ледеј откри зошто остана во Партизан

Зек Ледеј во изјава за српските медиуми откри дека Кевин Пантер влијаел на неговата одлука да остане во Партизан и следната сезона.

„Секако дека одлуката на Кевин да остане имаше одредено влијание и на мојата. Сепак, пресудни беа амбициите на клубот. Главен фактор за останувањето е желбата на клубот да се нападне Фајнлфор следната сезона“ – истакна Ледеј.

Ледеј со Партизан потпиша повеќегодишен договор, притоа не сакајќи да ги коментира понудите на другите клубови.

„Тоа што е важно е дека останав во Партизан. Единствено што сега ме интересираат се препреките на патот до поставената цел, и како нив да ги преминеме“ – вели Ледеј.

Се вчитува...