Легањес ја изненади Севилја уривајќи и го сонот за ЛШ (ВИДЕО)

Севилја изненадувачки беше декласирана на домашен терен од Легањес со 0-3, во воведот на 36. коло во Ла лига. Гостите поведоа со голот на Јусеф Ен Несри во 8. минута. На 0-2 зголеми данскиот репрезентативец Мартин Брејтвајт во 20. минута, а конечните 0-3 ги постави Оскар во 82. минута.

Со поразот избраниците на Жоакин Капарос ги намалија шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи на првенствената табела имаат  55. бода колку и четвртиот Хетафе, но тимот од Мадрид има натпревар помалку, а Севилја во следното коло ја очекува гостување кај Атлетико Мадрид.

Фудбалерите на Легањес одамна ја исполнија својата цел, која значи опстанок во Ла лига и следната сезона, а во моментов се наоѓаат на 9. место со 45 бода.

Се вчитува...