Легендарен голгетер седнува на клупата на Парма

Парма експресно ќе го реши тренерското прашање откако во текот на вчерашниот ден го разреши Куеста од кормилото на овој италијански прволигаш.

Управата на клубот експресно најде нов тренер, и тоа поранешниот голгетер на Парма и на италијанската репрезентација, Алберто Џилардино.

Сите детали се веќе договорени, па Џилардино ќе потпише договор до крајот на сезонава, со клаузула за автоматско продолжување за уште една година ако биде обезбеден оптстанок во елитното друштво.

Џилардино настапуваше како играч за Парма од 2002 до 2005 година, период во кој постигна 56 гола на 116 натпревари за овој клуб.

Тој беше дел и од шампионската гнерација на Италија која триумфираше на СП 2006.

Последен тренерски ангажман на Џилардино беше како шеф на стручниот штаб на Пиза, функција од која беше разрешен во февруари годинава.

Се вчитува...