Легендарната изјава на Сарачевиќ – „Јас станав ракометар благодарение на жешкиот терен во Битола“ (ВИДЕО)

Нова шокатна вест го потресе Балканот, откако вечерва беше потврдено дека почина легендата на хрватскиот и југословенски ракомет Златко Сарачевиќ. Колку го почитуваше македонскиот ракомет во многу наврати знаеше да каже, а една од неговите изјави за нашите медиуми ќе биде вечно запаметена.

„Теренот во Битола беше најжешкиот во свет. Пет илјади во сала и уште толку надвор, па уште и Мате Шундевски. Така се прават ракометари. Јас станав играч зошто играв на такви терени. После тоа кога ќе дојдеш на 15 илјади публика не ти е ништо бидејќи си ја преживеал Битола. Секогаш беше убаво да се игра во Битола и тоа е нешто што секогаш ти останува во животот. Сега кога ќе се сетам се наежувам“, изјави Сарачевиќ. 

 

Се вчитува...