Легендарниот Чиро Блажевиќ: Сите чекаат јас да заминам, а замина Цицо

Веста за смртта на Златко Крањчар го потресе целиот балкански фудбалски свет. Легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ кој од клупата во 1982 година ја водеше шампионската генерација на Динамо Загреб, од која дел беше и популарниот Цицо вели дека не може да поверува дека е вистина информацијата за неговата смрт.

„Не можам да станам од кревет од шок. Не знам што да кажам. Се чув со неговите доктори пред некој ден. Знаев дека е слаб, но не знаев дека е баш толку лошо. Сите чекаа јас да заминам, а замина Цицо. Мене ми е време за тоа, а не на него. Страшно. Многу сум тажен што да кажам“, изјави Блажевиќ за хрватскиот „индекс.хр“.

Се вчитува...