Легендарниот дијалог на тренинг на Интер – Пораката од господ за Тарибо Вест и одговорот на Липи

Легендарниот италијански напаѓач Бобо Виери се потсети на деновите поминати во Интер, но и неколку интересни анегдоти кои го одбележале неговиот престој на „Џузепе Меаца“. Виери се присети на контроверзниот Тарибо Вест со кој своевремено ја делеше соблекувалната.

„Беше тоа сабота наутро. Сите стоевме на теренот, а тренерот Марчело Липи ни рече да се подготвиме за тренингот. Тарибо Вест се исправи и со својот длабок глас рече: „Господине господ ми рече дека морам да играм“. Јас почнав да се превртувам на теренот. Тој дечко беше навистина неверојатен. На тоа Липи само му одговори „Тоа е чудно, се слушнав со него и ништо не ми кажа“, луди беа тие денови во Интер“, се присети Виери. 

Тарибо Вест по крајот на кариерата стана пастор и во Лагос формираше своја црква.

Се вчитува...