Легендарниот капитен удри во Манчестер Јунајтед: Претстанав да ги сожалувам, почнав да се смеам

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, не штедеше зборови во критиките кон „Црвените ѓаволи“ по испаѓањето од Лига купот откако синоќа загубија со 2:3 од Брајтон на „Олд трафорд“.

Манчестер Јунајтед водеше до 2:0 по само десет минути игра, по на крајот загуби со 2:3 и за првпат по повеќе од 50 години е поразен на домашен терен откако имал предност од два гола.

„И пред натпреварот реков дека не верувам дека Мајкл Карик е човекот кој на Јунајтед ќе му донесе трофеи. Сега испаднаа од Брајтон и тоа откако имаа предност од 2:0. Тоа е истиот Брајтон кој минатата година исто така ги исфрли од ова натпреварување. Манчестер Јунајтед има сериозен проблем со менталитетот. Гледам како Зиркзе ја губи топката и тоа воопшто не го вознемирува, Шешко направи грешка која му помогна на Брајтон да се врати во натпреварот. Потоа Рашфорд не реализира шанса кога беше сам пред голманот. Играч на Јунајтед мора да погоди од таква шанса. Во еден момент престанав да ги сожалувам и почнав да се смеам. Што друго останува. Ова е срамота“, беа зборовите на Кин.

Тој смета дека кризата во Манчестер ги зафати сите пори на клубот.

„Стандардите се срoзaни на сите полиња, од раководните структури и односот кон навивачите, па се до женската екипа. Фудбалерките загубија бодови против Евертон, па потоа велат не им бил денот. За што воопшто овој Манчестер Јунајтед се бри, стандардите се паднати на најниски гранки“.

Се вчитува...