Кејлор Навас замина во репрезентативна пензија

Голманот на Пари Сен Жермен, Кејлор Навас, објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на Костарика . 37-годишниот Навас, кој дебитираше за својата земја во 2008 година, има 114 натпревари под појасот во репрезентативниот дрес.

Учествуваше на три Светски првенства, од кои најзапаметено беше во 2014 година, кога Костариканците сензационално завршија први во групата со Италија , Англија и Уругвај и играа во четврт-финалето.

За Навас последниот меч со екипата на Костарика го имаше во март во контролата со Аргентина . Тој нема намера да учествува на турнирот Копа Америка ова лето.

„Ова поглавје од мојот живот заврши. Моето срце е полно со благодарност и моите очи со нетрпение ја гледаат иднината заради нашата сакана Костарика“, рече Навас во видеото на социјалните мрежи.

Се вчитува...