Легендарниот Скола испиша историја на мечот против Словенија

Натпреварот помеѓу Аргентина и Словенија го одбележа Лука Дончиќ кој со 48 поени и 11 скока ја предводеше поранешната југословенска држава до победа со што го остави во сенка новиот рекорд на легендарниот аргентински кошаркар Луис Скола.

Имено, 41-годишникот во поразот на неговата репрезентација постигна 23 поени со што стигна до 548 постигнати поени на Олимписките игри и го помина Бразилецот Маркес Вламир на четвртото место на вечната листа.

„До пред три часа бев многу возбуден за тоа. Сега и баш не ми се збори за тоа бидејќи изгубивме убедливо во многу важен натпревар. Сепак, ќе уживам во тоа подоцна. Секогаш уживам на Олимписките игри независно од тоа како играм и дали победуваме или губиме. Олимписките игри се повеќе до тоа. Ќе уживам во историскиот успех, но не денеска и не сега“, вели Аргентинецот.

Се вчитува...