Легендарниот турскиот голман, 46-годишниот Рушту Речбер е во критична состојба во битката со коронавирусот.
„Шокирани сме колку брзо се влоши состојбата на неговата болест“ – изјави денеска сопругата на Рушту, Исил Речбер кој беше итно хоспитализиран пред два дена.
Турските медиуми пренесуваат дека токму Исил го заразила Рушту. Таа се вратила од САД и требало да биде во самоизолација 14 дена, но веднаш заминала во својот козметички салон. Токму поради тоа е сериозно критикувана од турската јавност.
„Не ми е грижа за линчот кон мене, сега најважно ми е Рушту да се опорави“ – порача Исил, откривајќи дека не може да го посети сопругот во болница, но и дека нивните две деца не се заразени. Рушту е рекордер по број на настапи за Турција со 124 натпревари, вклучувајќи го и ЕП 1996, 2000 и 2008, како и СП 2002 каде Турција го освои третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА