Лејкерси по голем пресврт подобри од Чикаго

Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа со пресврт против Чикаго со 103-94 во синоќешниот дуел од НБА лигата. Лејкерси ја запишаа осмата победа сезонава, додека за Булси ова е 11-от пораз.

Домашните губеа во текот на целиот меч, на одмор имаа и 14 поени дефицит, но на крајот од дуелот стигнаа до неверојатен пресврт. Чикаго на почетокот од третата четвртина имаше предност и од 19 поени, но потоа следи феноменалната серија за пресврт.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кајл Кузма со 22 поени, додека Колдвел-Поуп заврши со 21 поен, дополнети и со девет скока. Двоцифрени беа и Брендон Инграм со 17 поени и Џордан Кларксон со 10 поени и 10 скока.

Кај Чикаго се истакна Дензел Валентајн со 17 поени, а го следеше Антонио Блејкени со 15 поени.

Се вчитува...