Лекар за „во затвор“: Како смееше Фертонген да се врати на терен?

Немили сцени се случија во првото полувреме од вечерашното полуфинале, откако Јан Фертонген имаше тежок судир со главите со својот соиграч Тоби Алдерверелд.

Белгискиот лев бек се здоби со скршеница на носот, а по укажаната лекарска помош луѓето од медицинскиот тим на Тотенхем му дозволија да се врати на теренот. За нивната трагедија да е поголема, главниот судија го прекина мечот, им пријде и им објасни дека станува збор за судир со глави, предупредувајќи ги на посериозни последици.

Покетино и лекарите останаа доследни на одлуката Фертонген да се врати, но само триесетина секунди подоцна Белгиецот јасно стави до знаење дека не може да продолжи. Следеа мачни сцени во кои фудбалерот на „спарси“ не можеше веќе ни да стои на нозе, па со помош на лекарите се упати кон соблекувалната.

Останува дилемата, како можеше клупскиот лекар да даде зелено светло за враќање на фудбалерот по обилно крвавење од носот и сериозен удар „глава во глава“ со соиграч.

Се вчитува...