Лекарите со супер вести за Реал – Бензема нема сериозна повреда

Карим Бензема нема долго да паузира поради повредата која ја заработи на мечот против Елче. Францускиот ас на споменатиот натпревар мораше порано да го напушти теренот, но прегледите донесоа добра вест за „кралевите“. Бензема направи магнетна резонанца, а според информациите од медицинскиот тим на Реал не станува збор за сериозна повреда.

Добра работа е што следи кратка пауза во Ла Лига, па Бензема ќе има доволно време да се опорави за следниот натпревар на Реал.

Наредниот натпревар Реал Мадрид го игра на 3-ти февруари против Атлетик Билбао. Потоа на програмата се лигашките натпревари против Гранада и Вилјареал додека на 15-ти ќе го игра осминафиналето во ЛШ против ПСЖ.

Се вчитува...