Лекиќ: Добра одбрана, па лесни голови

Ракометарките на Вардар имаат причина за задоволство, не само поради максималниот ефект по првите две кола од Лигата на шампионите, туку пред се поради играта што ја демонстрираат. Ефикасност во нападот, но и цврстина во одбраната е нешто што ги краси „црвено-црните“, а за што попладнево Турингер немаше одговор.

Андреа Лекиќ со пет гола повторно беше меѓу најдобрите во редовите на „вардарки“, а Србинката по завршувањето на натпреварот не го криеше задоволството од заслужената победа.

„Турингер веќе неколку години ни е познат противник, но сега уште подобро ги анализаввме. Тие се незгодна екипа и секогаш ни задаваше проблеми кога игравме тука со нив. Првпат игравме така добро и во целиот меч го контролиравме резултатот. Клучот лежи во одбрана, ни донесе лесни голови. Полека и добро ја подигаме формата за следните натпревар“ – изјави Лекиќ.

Се вчитува...