Леклер го продолжи договорот со Ферари за двојно поголема плата

Возачот на Ферари, Шарл Леклер го продолжи договорот со Ферари до 2029 година, пренесува италијанска „Газета“.

Леклер кој е роден во Монако, според новиот договор ќе заработува двојно од сега. Така платата од 25 милиони годишно колку што му е досега, ќе му биде 50 милиони евра годишно.

Во Ферари се задоволни од него, а наводно се подготвува нов договор и за вториот возач Карлос Сајнц, чиј договор истекува идната година. Меѓутоа шпанскиот пилот бара договор на само две години, што е проблем за италијанскиот тим.

Затоа во италијанската екипа веќе разгледуваат опции, па се споменува доведувње на Ландо Норис.

Се вчитува...