Леклер: Не заостануваме многу зад Ред Бул

Тимот на Ферари е првиот кој оваа сезона успеа да ги сопре возачите на Ред Бул да се искачат на врвот на пиедесталот. Користејќи ги грешките на Ферстапен и Перез во квалификациите за Големата награда на Сингапур, возачите во црвена опрема ја прекинаа доминацијата која траеше 14 трки и најавија интересна битка до крајот на сезоната.

На крилја на добрата трка во Сингапур и тренингот на „Сузука“ каде Шарк Леклер заостана смао 0.35 стотинки зад Ферстапен возачот на Ферари говореше позитивно пред новите предизвици.

„Знам дека Ред Бул ќе сака да се врати на врвот и ќе биде екстремно брз овој викенд, но мислам и дека не сме многу далеку од нив. Имам впечаток дека се уште се запознавме со болидот, но дека сме на добар пат. Верувам дека ќе продолжиме со добрите настапи и во Јапонија“, изјави Леклер.

Се вчитува...