Леклер со порака до Фетел – Ми беше чест да бидам твој тимски колега

Себастијан Фетел утрово потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти Ферари. Тој во италијанскиот тим стигна во 2015. година од Ред Бул, но не успеа да ја освои титулата. По повод заминувањето на Фетел, на твитер се огласи и неговиот тимски колега, Шарл Леклер.

„Беше голема чест да бидам твој тимски колега. Имавме неколку интересни моменти на патеката. Некои беа добри, а некои не завршија како што сакавме, но пред се тука имаше почитување, иако многумина не го видоа тоа. Никогаш не научив толку многу, како од тебе минатата сезона. Ти благодарам на се Себ“, напиша Леклер. 

 

Се вчитува...